







Prima Facie е современ драмски текст од Сузи Милер, австралиска авторка и поранешна адвокатка, кој премиерно е поставен во Австралија во 2019 година и веднаш предизвикува силен одек во правната и театарската јавност. Денес, претставата е интернационален феномен што отвора суштински прашања за правниот систем, третманот на случаите на сексуално насилство и позицијата на жртвите во него.
Монодрамата ја следи приказната на Теса Енслер, успешна адвокатка која ја гради својата кариера бранејќи обвинети во случаи на сексуално насилство. Таа верува во правниот систем и во неговата способност да ја утврди вистината преку факти и докази. Но, по еден ненадеен личен настан, Теса се соочува со истиот систем што дотогаш го бранела, преиспитувајќи ги сите негови закони, правила и граници.
Игра: Сара Анастасовска
Режија: Драгана Гунин
Превод: Благој Б.Бошковски
Музика: DULELUD