The project

Проектот Prima Facie го проширува искуството на претставата преку јавнидискусии со експерти, едукативни дигитални содржини и собирање анонимни сведоштва. Неговата цел е да отвори информиран и чувствителен дијалог за сексуалното насилство, правниот систем и впозицијата на жртвите, поттикнувајќи свесност, емпатија и општествена одговорност.

Анонимно сведоштво

Споделувањето е прв чекор кон промена.

Овој простор е отворен за анонимно и безбедно споделување на лични искуства и размислувања поврзани со сензитивни теми, вклучително и сексуално насилство, согласност и општествениот однос кон нив. Секое сведоштво додава глас, а заедно, тие стануваат повик за промена.

Истите потоа ќе бидат анонимно објавени како дел од проектот, без да се споменуваат доверливи информации, во случај да се споделени од страна на испраќачот.

* Испратените сведоштва ќе пристигнуваат анонимно, без притоа да ја добиеме e-mail адресата и останати лични информации на испраќачот.

Успешно испратено. Ви благодариме!
Неуспешно испратено, пробајте повторно.
Едукативен разговор

Од адвокатска перспектива

Едукативниот разговор со правниците од Македонско здружение за млади правници има за цел да ја објасни правната рамка поврзана со сексуалното насилство, начинот на кој функционираат судските постапки и предизвиците со кои се соочуваат жртвите во процесот на остварување правда.

1.
Кога законот одреден чин го квалификува како силување?
2.
Како правниот систем на Р.С.М го утврдува постоењето или отсуството на согласност?
3.
Дали правната регулатива прави разлика меѓу насилство од непознат сторител и насилство во интимен однос?
4.
Како правниот систем го позиционира оштетениот/жртвата во кривичната постапка?
5.
Како судовите ги оценуваат исказите во случаи каде што нема материјални докази или сведоци?
6.
Дали недостигот на физички повреди влијае врз оценката на веродостојноста?
7.
Кои права ги има жртвата во текот на постапката?
8.
Каква заштита може да добие жртвата од судот?
9.
Кои системски слабости најчесто излегуваат на виделина во случаи на силување?
10.
Дали законската рамка е доволно усогласена со современите стандарди за докажување во случаи на сексуално насилство?
11.
Во кои сегменти се појавуваат „празнини“ или нејаснотии во законот?
12.
Дали механизмите за итна заштита се доволно ефикасни и достапни?
13.
Од правен аспект, кои фактори најчесто ги обесхрабруваат жртвите да поднесат пријава?
14.
Зошто обвинетите често избираат да не даваат исказ во вакви постапки?
15.
Како правниот систем го балансира правото на одбрана на обвинетиот со заштитата на жртвата?
16.
Дали постои процесна нерамнотежа помеѓу позицијата на жртвата и обвинетиот?
17.
Како судот ја проценува веродостојноста на исказите кога постојат спротивставени тврдења?
18.
Како адвокатската професија пристапува кон случаи на сексуално насилство?
19.
Дали постои професионална етичка обврска за сензитивен пристап кон жртвите?
20.
Колку во пракса се избегнуваат стратегии што можат да доведат до дополнителна трауматизација?
21.
Дали е можно одбраната да биде правно ефикасна, а сепак да не биде агресивна кон жртвата?
22.
Дали постои потреба од специјализирана обука за адвокати и судии во оваа област?
23.
Дали правната дефиницијата за силување се разликува од држава до држава?
24.
Кои стандарди ги поставуваат Советот на Европа и Истанбулската конвенција?
25.
Дали постојат европски или меѓународни стандарди што сметате дека треба да се имплементираат во кривичниот законик на РСМ?
26.
Кои законски измени би придонеле за подобра заштита на жртвите?
27.
Како може системот да обезбеди подобра психолошка и правна поддршка за жртвите?
28.
Што може да се подобри во координацијата меѓу полицијата, здравствените служби и судовите?
29.
Која е првата позитивна промена што можеме да ја направиме денес?

Од психолошка перспектива

Едукативниот разговор со психологот Фросина Ивановска, реализиран со поддршка на ХЕРА, има за цел да понуди подлабоко разбирање на психолошките аспекти на сексуалното насилство, последиците врз жртвите и процесот на справување и закрепнување.

1.
Како психологијата ја разбира согласноста при сексуален однос: дали таа е само изговорено „да“ или процес на слободна одлука?
2.
Што се случува со способноста за одлука кога лицето е исплашено, шокирано или под притисок од авторитет/доверба?
3.
Зошто луѓето често очекуваат жртвата „јасно да се спротивстави“ за да поверуваат дека имало напад?
4.
Каква е разликата помеѓу „не сакала“ и „не можела да одбие“ и кои процеси се случуваат тука?
5.
Кои се типичните автоматски реакции на нервниот систем во ваква ситуација (дали се сведува на fight, flight, freeze)?
6.
Зошто некои жртви разговараат со напаѓачот, се смируваат, па дури и се обидуваат да го „задоволат“ за да преживеат?
7.
Зошто често нема веднаш плачење, паника или видлива вознемиреност?
8.
Зошто жртвата понекогаш продолжува контакт со сторителот/агресорот по настанот?
9.
Како се објаснува тоа што некои жртви веднаш одат на работа, излегуваат или се однесуваат како ништо да не се случило? Дали е тоа шок и неможност во моментот да се испроцесира се'?
10.
Како траумата влијае врз меморијата на настанот?
11.
Зошто сеќавањата можат да бидат фрагментирани, нејасни или да се појават подоцна?
12.
Што значи доколку има празнини во сеќавањето?
13.
Зошто жртвата може да не го препознае веднаш слученото како силување?
14.
Од каде доаѓа силното самообвинување кај жртвите?
15.
Зошто се случува жртвите почесто ја преиспитуваат сопствената одлука отколку однесувањето на сторителот/агресорот?
16.
Кои психолошки фактори најмногу влијаат жртвата да молчи?
17.
Зошто пријавувањето често доаѓа по месеци или години?
18.
Како реакциите на околината (прашања, сомнежи, коментари) влијаат врз одлуката да се зборува?
19.
Дали траумата се влошува кога на жртвата не и' се верува?
20.
Како сексуалната траума влијае врз секојдневното функционирање (работа, сон, концентрација)?
21.
Како се одразува врз интимните односи и чувството на безбедност во сопственото тело?
22.
Кои се најчестите долгорочни психолошки последици?
23.
Кога е најважно да се побара стручна помош?
24.
Што значи психолошко закрепнување - како се учи да се живее со искуството?
25.
Каква поддршка всушност им е најпотребна на жртвите?
26.
Како поблиската околина може да помогне во случајов?